Шефот на државата Стево Пендаровски во престојниот период не очекува некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјава реално во моментов нема соговорник од другата страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада.

На брифинг со новинари денеска кај претседателот на државата беше посочено дека не е исклучена можноста во преговорите да има и трета страна за да се постигне некакво решение во однос на спорот меѓу двете земји.

Пратеникот од бугарската политичка партија „Има таков народ“ која доби најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, Станислав Балабанов објави дека денеска ќе биде познат нивниот кандидат за премиер на Бугарија. Бугарски медиуми јавија дека најверојатен кандидат на „Има таков народ“ за премиер е Петар Илиев. Претседателот на државата Румен Радев објави дека денеска започна постапката за предавање на првиот мандат за формирање влада на Бугарија.

Пендаровски за резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија, која вчера ја усвои Собранието, не смета дека е штета, туку напротив смета дека ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредлива, каква што е резолуцијата на бугарскиот Парламент

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.