Посетата на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е од официјален карактер, а согласно строгите протоколарни правила тоа вклучува церемонија на положување цвеќе во спомен на значајни личности од нашата историја од страна на гостинот, но не и од страна на Претседателот, информираат од кабинатот на македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Со чинот на полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев од страна на претседателот Ѓукановиќ, се возобновува традицијата која беше прекината пред неколку години странски државници да полагаат цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Наместо оваа традиција, беше воведена практика да се полага цвеќе на локации промовирајќи го проектот „Скопје 2014“.

Како што додаваат од кабинетот на Пендаровски, согласно официјалниот протокол, делегацијата од македонска страна која беше во придружба на претседателот Ѓукановиќ, беше во состав: министерката Зорица Апостолска, амбасадорот на Северна Македонија во Црна Гора, Михајло Трпкоски и советникот за надворешна политика на претседателот, амбасадор Гоце Карајанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.