Должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски по повод 16 Мај, Денот на отпорот на Ромите.

Пендаровски на својот фејсбук-профил наведува дека Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна.

-На 16 Мај 1944 година ромските затвореници, жени и мажи, вооружени со чекани, лопати и други дрвени предмети се спротивставиле на нацистите во логорот на смртта Аушвиц. Денот на отпорот на Ромите ја означува упорноста на ромскиот народ, неговата борба за право на живот и борбата за опстанок за време на Втората светска војна, потсетувајќи не’ на еден ужасен период од историјата. 76 години подоцна, должни сме да се бориме против кршењето на човековите права, антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите, говорот на омраза и дискриминацијата во современото демократско општество, наведува Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.