Претседателот Стево Пендаровски врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата во вилата Водно му го врачи мандатот на Оливер Спасовски за состав на преодна влада за спроведување на парламентарните избори.

Врз основа на член 84 алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски, изјави претседателот Пендаровски. 

Спасовски се заблагодари на честа и одговорноста што ја добива како мандатар на преодната влада и најави дека ќе направи се за да продолжи напредокот на државата, да има фер и демократски избори и сите институции да продолжат со истата динамика како досега за да има развој на државата.

Сега Спасовски треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и до формирањетo на новата Влада. По завршувањето на седницата во Собранието Пендаровски ќе ги прими членовите на новиот состав на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.