Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција на Водно ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата” на Бигорскиот манастир по повод 1000-годишнината од неговото основање.

Се очекува на свеченоста обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на Бигорскиот манастир, епископот г. Партениј. Предвидено е да настапи и бигорскиот монашки хор.

Како што информираат од бигорката обител, целата свеченост ќе биде во живо пренесувана на нивната Фејсбук страница и Јутуб канал.

Централна прослава на 1.000 годишниот јубилеј ќе биде одржана в недела во Бигорскиот манастир. Одбележувањето ќе почне во девет часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.