Претседателот Стево Пендаровски по средбата со членовите на македонската делегација која учествуваше на последната седница на Комитетот за светско наследство која се одржа во Баку, порача дека институциите мора да направат се за Охрид да остане на листата на УНЕСКО.

Тие го информирале во детали за одлуката на Комитетот, природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, како и за акцискиот план за исполнување на препораките заклучно со 1-ви февруари 2020 година.

-УНЕСКО повторно ќе го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020. Нагласив дека сите заедно мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО, македонско и светско природно и културно наследство. Мора да се преземат одлучни и конкретни чекори во справувањето со дивоградбите при констатирано прекршувања на Законот за градење, порача претседателот Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.