По поразот од Португалија, македонскиот претседател Стево Пендаровски порача дека сепак фудбалерите се македонска гордост и дома ќе бидат пречекани како победници.

Македонска гордост, херои, покажавте големина низ квалификациите за светското првенство.
Со пласманот на Европско испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро, а со тоа и да нè направите горди. Успеавте да нè сплотите и да не направивте горди, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Македонската репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар, но ова беше најблиску што стигнала: на само една победа од пласман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.