Стево Пендаровски како претседател не кажа ниту еден збор за покачувањето на цената на електричната енергија со која директно се удира по стандардот на граѓаните. Не кажа ниту еден збор за пропаѓањето на банка, со која се нанесува штета на граѓаните и бизнисите во оваа земја. Не кажа ниту еден збор за катастрофално лошото справување со Ковид кризата каде цехот се плаќа со животите на граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Не кажа ниту еден збор за случаевите на криминал и корупција каде се вмешани луѓе од актуелната Влада. Не кажа ниту еден збор за тоа што Македонија и граѓаните во Македонија денеска се во затвор и не смеат да патуваат во земјите членки на ЕУ до крајот на месец септември, а како што стојат работите најверојатно таа забрана ќе продолжи и во месеците после септември. Не кажа ниту еден збор за економското цунами. Не кажа ниту еден збор како поранешен просветен работник за неизвесноста за започнување на учебната година. Но денес го видовме како го дава мандатот на пратеник кој нема мнозинство во парламентот.

Од овој момент секој еден граѓанин треба да знае дека кога ќе се спомене во државата криминал и хибриден режим на Зоран Заев, негов составен дел и соучесник е Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски покажа дека не е претседател на сите граѓани, а најмалку заштитник на Уставот. Туку за жал покажа дека е пиум, извршител во рацете на неговиот партиски шеф Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.