На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски рече дека академикот Љупчо Коцарев е авторот на Реолуцијата која вчера македонското Собрание едногласно со поддршка и од власта и опозицијата ја усвои. Резолуцијата се однесува на заштита на македонските национални и државни интереси во преговорите со Бугарија.

Резолуцијата беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а беше усвоена со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“ пратеник.

Пендаровски истакна дека нема ништо спорно во резолуцијата, се согласува со истата, посочувајќи дека до сега и онака во преговорите со Бугарија се држеле до начелата на декларацијата.

Тој очекува до 15. Август да се формира Влада во Бугарија, а Слави Трифонов да ги прифати барањата на странски фактор меѓу кои и одмрзнување на процесот за почеток на на преговорите на Македонија со ЕУ

Пендаровски смета дека додека нема Влада во Бугарија не треба да има преговори и треба истите да се прекинат. Потребно е само да има тековни дипломатски врски и преговори кои не се стратешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.