Претседателот Стево Пендаровски на 12 ноември претпладне ќе има „тет а тет“ средба со францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на Парискиот мировен форум што од 11 до 13 овој месец ќе се одржува во Париз.

Средбата на Пендаровски со Макрон е потврдена и официјално, потврдуваат од Кабинетот.

Претседателот Пендаровски вчера во изјава за медиумите најави дека се прават напори за ваква средба на високо ниво, во рамки на дипломатијата во контекст на евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

Целта е како што рече, во наредниот период да добиеме посилен сигнал за тоа дали е е можно да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се поради ставот на Франција.

На Форумот, на кој се очекуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, Пендаровски ќе се обрати на 12 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.