Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во дводневна работна посета на Франција на Парискиот мировен форум.

Вечерва претседателот Пендаровски ќе присуствува на вечерата во Елисејската палата што ја приредува францускиот претседател Емануел Макрон за шефовите на држави и меѓународни организации кои се дел од Парискиот форум за мир, а утре се очекува да има средба со францускиот претседател. 

На 12 ноември претседателот Пендаровски ќе се обрати на форумот осврнувајќи се на регионалната безбедност.

Во рамки на Форумот, претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, австриската канцеларка Бригит Биерлејн, како и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.