Претседателските кандидати активни пред стартот на официјалната кампања. Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Велес каде посочи дека гласот за него значи глас за концептот за интеграциите во НАТО и Европската Унија.

Сакам да ја посочам разликата помеѓу мене и главниот опозиционен кандидат, и мислам дека во тој дел граѓаните ќе немаат голема дилема. Значи, на една страна ова што јас го нудам и 31 политичка партија и граѓаните коишто стојат зад мене е Република Северна Македонија членка на евро-атлантските интеграции, членка на НАТО и ЕУ, со отворени порти за подобар живот за сите нас, а на другата страна имате концепт кој заговара оспорување на преспанскиот договор, и оспорување со тоа на нашето членство и во НАТО и во ЕУ подоцна, рече Пендаровски.

Претседателскиот кандидат кој по вторпат влегува во трка по фотелјата на Водно очекува дека граѓаните ќе направат разлика и, како што рече, ќе изберат меѓу луѓе кои заговараат концепти од 19 и од 20 век, концепти кои се поврзуваат со национализам и популизам и со нереализирани ветувања, и концепти кои ја водат Република Северна Македонија во друштво со најмодерните и најпросперитетните нации и држави во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.