Имаме претседателски кандидат кој ќе води напред и зад кого стојат граѓани од сите етнички заедници и политички определби, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната прва трибина во Крушево, во кампањата на кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски и ги повика граѓаните на сериозност и одговорност.

Да избереме човек кој ќе води, оваа земја е на Стево, е на Заев, но е и на сите граѓани кои повикувам масовно да излезат на гласање, заедно сплотени, да избереме претседател на земја членка на НАТО и на ЕУ, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Претседателскиот кандидат, Пендаровски посочи дека првпат зад еден кандидат пред претседателските избори застанале 31 партија и над 30 илјади граѓани од сите етнички заедници.

Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ. Ако некој мисли дека со изолација економијата ќе цвета се лаже, или лаже. Се разликуваме како небо и земја, затоа повикувам на макаимална мобилизација и излезност на изборите, повика Пендаровски вечерва од Крушево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.