Заврши првиот дел од лидеркста средба во вилата Водно. Претседателот Пендаровски за време на паузата рече дека се разговарало за одлуката на ЕУ лидерите Македонија засега да не ги почне пристапните преговори со ЕУ. Тој истакна дека на средбата има две теми, првата се заклучоците од лидерите на ЕУ, а втората предвремените парламентарни избори.

Побарав да го реафирмираме нашиот став дека продолжуваме на нашиот пат кон ЕУ. Нашата држава е по третпат во слична ситуација, рече Пендаровски, објаснувајќи ги сите три ситуации, но за разлика од претходните , овојпат Македонија ги има исполнето сите предуслови, рече Пендаровски.

Тој потсети рече дека ова е трет пат нашата држава да се наоѓа во ваква ситуација во меѓународните односи. Прв пат во 1991 година кога Европската унија не сакаше воопшто да не признае како држава доколку се содржи името Македонија, вториот пат во 2008 на самитот на НАТО во Букурешт и сега е третиот пат.

Тој истакна дека сите лидери се согласиле дека ова е единствениот пат за Република Северна Македонија, односно евроатланските аспирации.

Имаме јасен државен консензус дека сите релевантни политички лидери стојат зад тоа што побрзо да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ и да станеме членка на унијата, рече Пендаровски.

Тој кажа дека сите лидери се согласиле со новата методологија која се најавува од ЕУ за можност за враќање на процесот на преговори, доколку кај некое од затворените поглавја има назадување.

Имаме државен консензус, независно од заклучоците на ЕУ самитот, согласност од сите присутни, дека ние немаме проблем со новата методологија, која се бара. Се согласија дека немаат проблем со реверзибилниот процес, бидејќи немаме од што да се плашиме, и сите присутни рекоа дека не за какви било алтернативи за приклучување на процесот. Имаше предлози да не стават во категорија СОСЕДСТВО, но ние сме дел од Европа, и ние не бараме никаква алтернатива, само како полноправна членка на организацијата. Кој и да е на власт или во опозиција во наредниот период ветија дека ќе работат на нашето приклучување кон Европа, изјави претседателот.

По паузата, Пендаровски најави дека ќе се зборува за втората точка, а тоа се предвремените парламентарни избори и одлуката за тоа кога би се одржале. Додаде дека не е во негова надлежност обврската за предверемени избори, за тоа ќе се одржат, партиите треба да се договорат со консензус. Но, ги предупредил дека откако сите 29 земји членки на НАТО ќе го ратификуваат протоколот, следува ратификација и во нашето Собрание, и да водат сметка избрите да не бидат пречка за дополнително одолговлекување за процесот за влез во НАТО.

Не би сакал поради технички причини да се одложува членството во НАТО, рече Пендаровски алудирајќи на тоа дека доколку парламентот биде распуштен поради избори нема да може да се ратификува членството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.