Претседателот на државата Стево Пендаровски вели  дека иако изборите се рапишани, Собранието е распуштено, сепак вели дека има можност изборите да бидат одложени. На таков договор се надева и по утрешната лидерска средба на која вели дека тој ќе биде само добар домаќин.

„Јас се надевам дека утре во 12 часот, каде што јас ќе бидат само добар домаќин во таа ситуација, јас се надевам дека лидерите кои ќе дојдат утре тука ќе решат да ги одложат изборите, бидејќи во оваа ситуација е невозможно да организирате избори кои ќе бидат кредибилни и кои ќе бидат третирани како легитимни од поголемиот дел од населението“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.