Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција изјави дека според најновите добиени информации Македонија и Албанија ќе добијат зелено светло на 26 март за започнување на преговори со ЕУ.

Според најновите информации од вчерашниот ден и утринава комбинациите на Брисел за преговори за нашата земја се практично завршени. На 18 март следната недела ќе има состанок на ниво на амбасадори и на 26 март тој процес треба да финишира со учество на шефови и влади на ЕУ – истакна Пендаровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.