Новинарските екипи кои денес се упатија на прес-конференцијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, беа кратко задржани на влезот со цел да им биде измерена телесната температура, како превентивна перка против коронавирусот.

Новинарите беа известени дека доколку некој има температура повисока од 37,5 нема да може да присуствува на прес-конференцијата.

Тој прес-конференцијата ја оддржува на отворено, а во текот на неа посочи дека ова било во насока на почитување на мерките на владата.

На вратата се залепени информативните плакати на Министерството за здравство во однос на превенција и заштита од ковид-19, столчињата за новинарите се поставени на раздалеченост од еден метар, а поставена е и маса на која има гелови за дезинфекција на раце, влажни марамчиња и нараквици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.