Претседателот Стево Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од техничките факултети. 

Признанието по 16-ти пат го доделува Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, како поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок. Годинава добитници на признанието се 11 дипломирани инженери.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски порача дека ќе се залага за одговорен однос кон образовниот систем и дека младите луѓе мора да добијат нови можности и перспективи за да го реализираат својот потенцијал и стекнато знаење.

Посакувам и се надевам дека најголем дел од вас, своето знаење и искуство стекнато надвор ќе го имплементирате во земјава, се со цел да изградиме едно подобро општество за сите. Примената на нови знаења во сите сегменти, а посебно во развојот на техниката и технологијата и тоа како е битна, бидејќи само со вистински реформи може да постигнеме напредок во земјава. Како што и наглaсив во мојата изборна кампања, како претседател ќе се залагам за одговорен однос кон образовниот систем, младите луѓе мора да добијат нови можности и перспективи за да го реализираат својот потенцијал и стекнато знаење, тука, во нашата држава, а нашите заложби за што побрз влез во евроатлантските структури и чекорите што досега се преземени, се вистинскиот правец во кој ќе продолжиме да се движиме, рече претседателот Пендаровски.

„Отварањето на европските претпристапни фондови, можноста за поголема мобилност во образованието, практичната работа и наобразба во европските земји се само дел од перспективите што стојат пред инженерите, нагласи Пендаровски и нагласи дека ги охрабрува  да продолжат по патот на знаењето и успехот.

Досега, признанието „Инженерски прстен“ го добиле 150 дипломирани инженери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.