Претседателот Стево Пендаровски упати ечститка за празникот Јом Кипур до претседателката на Еврејската заедница Берта Романо–Николиќ и до припадниците на еврејската заедница.
Во честитката Пендаровски пишува дека Јом Кипур е најсветиот еврејски празник.
Вам лично и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Северна Македонија од се срце ви посакувам празникот на покајанието, искупувањето и помирувањето да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на овој празник нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела.
Пендаровски го нагласува значењето на еврејската заедница за земјата.
Иако малобројна вашата заедница има нераскинлив удел во градењето на македонскиот соживот и во негувањето на почитта и разбирањето помеѓу припадниците на различните етнички и религиозни групи. Вашите традиции и обичаи имаат оставено длабок печат врз останатите заедници, вткајувајќи се трајно во вредностите на нашето општество. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок. G’mar chatima tova, завршува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.