„Момци, честитки за победата, се гордееме со вас! Вечерашниов успех нека биде мотив повеќе да победиме и во решавачкиот меч со Грузија.Напред!“- напиша на социјалните мрежи претседателот Стево Пендаровски по победата од 2-1 на репрезентацијата на Македонија над Косово.

Се огласи и премиерот Заев од Брисел.

Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра, напиша Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.