Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Финска, Пека Хависто.На средбата соговорниците разговараа за билатералните односи меѓу двете држави за кои претседателот Пендаровски оцени дека се пријателски и партнерски.

Претседателот Пендаровски изрази увереност дека за време на актуелното финското претседавање со Советот на ЕУ, ќе биде препознаен напредокот на Македонија и ќе биде вреднуван и потврден со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка на Република Финска на нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија, нагласувајќи дека евро-атлантската перспектива е гаранција за просперитетот, стабилноста и благостојбата на регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.