Гоце Делчев е македонски револуционер и треба да ни биде чест доколку некој друг народ го чувствува како свој херој, одговори на новинарско прашање денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.

Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чевствува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави полем мерак. Исто е и со Мајка Тереза, нема да се расправаме дали е Албанка или Македонка – рече Пендаровски во своето обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.