Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“.

Ова за ДВ го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, откако како бомба одекна веста соопштена на вчерашниот брифинг во ВМРО-ДПМНЕ: партијата ја одмрзнува комуникацијата со шефот на државата. По телефонски разговор, на барање на партискиот претседател Христијан Мицкоски, утре ќе се одржи средба помеѓу него и претседателот Стево Пендаровски. Средбата е закажана во вилата „Водно“, каде Мицкоски последен пат беше на 13-ти август 2020 година заедно со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога најави замрзнување на односите и комуникацијата со шефот на државата.

Ако тоа беше повод за замрзнување на комуникацијата, повод за нејзино одмрзнување стана изјавата на Пендаровски дадена во тв-интервју, дека лицата што упаднаа во Собранието на 27-ми април 2017 година не се терористи. Но, според Претседателот, тоа не значи дека тие заслужуваат амнестија за насилството.

Запрашан дали одмрзнатата комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со институцијата претседател на државата е знак за зачеток на нова политичка култура, Пендаровски вели: „Ова е враќање на праксата што почна по мојот избор во мај 2019 година, кога главната опозициска партија за првпат го призна изборот на претседател“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.