Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, ги испратил петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во Македонија во услови на пандемија на корона вирусот, за потврдување од страна на Собранието.

Одлуките беа донесени во периодот од март до јуни годинава на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.