Претседателот на државата, Стево Пендаровски испратил покани до лидерите на политичките партии за средба во Вила Водно в недела.
Засега нема информации кој се’ е поканат, но се знае дека Пендаровски го очекува присуството на првите луѓе на партии од македонскиот и албанскиот блок.

Иницијативата за лидерска средба доаѓа по последните информации околу добивањето датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.