Професорот Димитар Апасиев од Левица, се обрати до јавноста пред почетокот на изборниот молк.

Ја гледам финалнава дебата меѓу кандидативе и еден заклучок се наметнува како неминовен: Пендаровски е беден бирократски лик, со шуплива политичка логика и измеќарски сервилен „мајндсет“, спакуван во божемна фенси урбана обланда, пишува Апасиев.

Според него, Пендаровски е еден од најистурените социјалдемократски политички фигури кој го промовираат вазалскиот менталитет кон НАТО, со потценување на сопствениот „небањат“ народ.

Тој фејкерски елитизам на целата таа ЦРВЕНА БУРЖОАЗИЈА ми е комплетно туѓ и тотално одвратен! Затоа, тој нема што да понуди. Не привлекува ама баш ич, туку одвраќа. Ептен, порача Апасиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.