Како зборуваше за промената на името на државата кандидатот за претседател на Република Македонија Стево Пендаровски, предложен од партијата која ѝ го промени името на Република Македонија.
Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како. Е не може. Мораш да дојдеш во институциите. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани, колку и да звучи како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тое луѓе, велеше Стево Пендаровски додека неговата партија се бореше за власт.
Како опозиционер Пендаровски често искажуваше цврсти ставови против промената на името на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.