Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство, ниту пак, постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек, реагираше Кабинетот на претседателот по критиката од Јавното обвинителство дека неговата вчерашна понуда за заштита не е реална.

Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори сѐ, за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот ‘Рекет’“, се вели во соопштението.

Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.