Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го потпише Инструментот за пристапување на  Македонија кон Северноатлантскиот Договор.

– Денеска ќе го потпишам Инструментот за пристапување на Македонија кон Северноатлансткиот Договор, претходно парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави претседателот на својот официјален профил на Фејсбук.

Наведува дека потпишувањето на инструментот е финалниот чекор за членството во НАТО.

– Во вонредни околности ја реализираме една од двете најважни стратешки цели на државата – полноправно членство во најголемата воено-политичка организација на светот, додава претседателот Пендаровски во објавата на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.