Зошто претседателот Стево Пендаровски не го поддржа протестот на лицата со посебни потреби и нивните семејства? Ова прашање го испративме во Кабинетот на Претседателот, но конкретен одговор не добивме. Оттаму дадоа одговор дека тој прави заложби за подобрување на статусот на лицата со попреченост.

Не добивме ниту конкретен одговор дали смета дека овие лица се димриминирани во општеството? Дали смета дека ги имаат потребните услови за достоинствен живот?

Единствено одговор добивме на прашањето дали Кабинетот добил известување и покана од организаторот на протестниот марш за поддршка?

До Кабинетот нема доставено известување или покана за поддршка – гласи нивниот одговор, што е спротивно на тврдењето на лицата кои го организираа протестниот марш.

На прашањата:

Зошто Пендаровски не го поддржа протестот на лицата со посебни потреби и нивните семејства?

Доби ли Кабинетот известување и покана од организаторот на протестниот марш за поддршка?

Сметате ли дека овие лица се димриминирани во општеството? Ги имаат ли потребните услови за достоинствен живот?

од Кабинетот одговорија:

Претседателот Пендаровски од самиот почеток на стапување на функцијата во континуитет прави заложби за подобрување на статусот на лицата со попреченост. За прв пат во Кабинетот има и советничка на претседателот за инклузија на лица со попреченост.
Кабинетот на претседателот е постојано отворен и претседателот е достапен за средби со лицата со попреченост за разговор за надминување на нивните проблеми.
До Кабинетот нема доставено известување или покана за поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.