На вечераната конценција на СДСМ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, градоначалници, членови и симпатизери на партијата.

Освен Заев, обраќање имаше и поранешниот претседателски кандидат Имер Слемани кого Пендаровски го најави како „првиот македонски Барак Обама“.

Стево е идниот шеф на државата и наша најдобра инвестиција зашто од него извира кристално јасната визија за заедничка Македонија: силна правна држава, економски развиена, безбедна и интегрирана во ЕУ и НАТО, порача Селмани.

Под мотото „Заедно напред“, Пендаровски на први април ја почна кампањата од Прилеп. Досега беше во скопските општини Аеродром, Центар, Сопиште и Студеничани, а утре, по средбите со граѓаните на Чашка, Лозово и Свети Николе, ќе одржи централен митинг во Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.