Д-р Стојка Фуштиќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.
Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.
А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год.
Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност.
Дно дна !!! – пишува Игор Пехчевски, пациентот со цистична фиброза на својот фејсбук профил.

Ваквиот статус доаѓа откако Детската Клиника во Скопје испрати соопштение до медиумите дека тој е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре.

Пехчевски тврди дека неговата терапија треба да трае 14 дена. Но директорката на клиниката решила да го испише порано, без да ја прими целата терапија, односно му се кратат два дена.

Ова ми се прави мене лично дека го барам лекот ТРИКАФТА ЗА СИТЕ! Кој тука изгрува ГОСПОД ЗА КОЈ ЌЕ ЖИВЕЕ А КОЈ НЕ⁉️
Демант:
Почитувани
Моето лекување почна 04.04.2023 и задолжително е да трае до 17.04.2023 година. Се ускратуваат цели 2 дена од примањето на венската терапија. Периодот за хосшитализација секогаш ни е предвидена 14 денови на секои 3 месеци.
Незнам зошто некој мене би ме испишал пред време???



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.