Венко Филипче, министерот за здравство денеска на вонредна прес-конфренција потврди дека во Македонија е забележан првиот случај на коронавирус КОВИД-19. Станува збор за жена, која во последниот месец била во Италија, на патување и на гости.

Станува збор за скопјанка која е родена 1970 година. Во Италија била лекувана од настинка во некоја здравствена установа, но таму не била тестирана за коронавирус. Само што пристигнала во Скопје, веднаш се упатила кон Инфективната клиника на тестирање, во раните утрински часови, во три часот наутро.

Таа беше хоспитализирана. Пациентката е позитивна на вирусот КОВИД-19. Нема простор за паника, таа е сместена на Инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација и се третира соодветно на нејзината состојба. Таа веќе еден месец била во Италија, на прошетка и во посета на роднини. Болна е веќе две недели и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа. Таму не е тестирана за вирусот корона и непосредно по влегувањето во Макеоднија директно се упатила на Инфективната клиника во Скопје. Тоа ни дава за право да мислиме дека инкубацијата е многу одамна помината и таа со луѓето со кои се транспортирала не претставувала опасност да им ја пренесе болеста. Но, постапуваме по сите протоколи. Сега се прави проверка на сите патници кои биле со неа во комбето до Македонија. Тие ќе бидат соодветно тестирани и ставени во 14-дневна изолација – изјави Филипче на прес-конфренцијата во Владата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.