Грција сака да воспостави добрососедски односи со Македонија, но нема да прифати своеволно толкување на договорот за името, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Ако договорот дојде до ратификација, ние нема да прифатиме своеволни, па дури и иредентистички толкувања на преспанскиот договор, рече Павлопулос пред грчките претставници кои работат во европските институции, говорејќи во Брисел.

Шефот на државата посочи дека Грција ги поздравува изгледите за пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ, сѐ до решавање на спорот за името.

Само кога целиот процес ќе биде завршен и утврдиме дека уставната ревизија содржи гаранции, тогаш може да има покана за прием во НАТО, како и започнување на преговорите за пристапување кон Европската Унија, додаде грчкиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.