Изборот на Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е уште еден показател дека власта на Заев максимално го партизира судството. Имено Црвенковска нема ниту еден ден стаж како судија, а ќе раководи со тело кое одлучува за избор и именување на судии во Македонија, реагира денеска опозициската партија.

Истата таа Црвенковска можеби нема искуство како судија, ама затоа има сериозен политички багаж како шеф на кабинет на Владо Бучковски и вршител на функција во влади предводени од СДСМ. Ова е сериозно политичко мешање и обид за контрола на судската власт, а веројатно крајната цел е да се забошотуваат криминалите на оваа власт предводена од Заев. Оправдан е сомнежот на јавноста дека меѓу другото Црвенковска може да влијае и на судскиот процес поврзан со пропаѓањето на Еуростандард банка, од проста причина што токму нејзиниот сопруг е меѓу посочените кои зеле кредит од банката без соодветно покритие и истиот не го вратиле. На овој начин банката и штедачите се оштетени, за што и самите тие сведочат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Павлина Црвенковска нема кредибилитет и ако имаше барем малку доблест ќе поднесеше оставка уште веднаш.  Но очигледно надвладеале вредностите на Заев кој е познат по својот ѓон образ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.