Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, смета дека одговрноста за исчезнувањето на Сашо Мијалков треба да се бара во Владата, затоа што таа треба да воспостави ситем во кој ќе функционираат сите други институции.

Хипотетички, најодговорна за бегството е Владата, треба институциите да функционираат, ако тие не функционираат, ако нема координација, јасно е. Многу е лошо да се прогнозира, институциите ги имаат сите средства, располагаат со современи средства за следење.

 

Требаше досега јавниот онвинител да отвори истрага, Судот да види дали имало пропусти, МВР треба да се преиспита, Владата да формира работна група со експерти – инаку нема кој, сите институции се партиски. Добра анализа треба и за евентуална политичката одговорност да расправа Парламентот.

 

Јас да бев прв човек на полиција немаше да избега, 100%. Има механизам има луѓе, силната партизација ја изеде државата – изјави Трајанов во „Студио 10“ на ТВ24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.