Неколку илјади луѓе денеска протестираат од пред Влада до Собрание под мотото Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Учесниците на протестот носат транспаренти и маици со кои се бара безусловно ослободување на затворените за 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година!

Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод протестот за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април.

Екс пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски на социјалните мрежи напиша дека осудените за крвавиот четврток се терористи и ништо друго!

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313 КЗ на РСМ

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ).

Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа, рече Богоевски!

 

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313 КЗ на РСМ

Тој што со намера да го загрози…

Posted by Pavle Bogoevski on Sunday, 25 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.