Собранискиот спикер, Талат Џафери даде половина час пауза по утврдување на дневниот ред, откако пратеничката група на ДУИ побара координација по една од точките.

Пратеникот Артан Груби, побара третата точка од дневниот ред, која се однесува на Предлог-закон за Судскиот совет на Република Македонија во второ читање, да биде прва точка од дневниот ред. Тој барањето го образложи со вчерашните случувања со Исламската верска заедница (ИВЗ) и Судот и, како што рече, потребите за длабоки реформи во судството.

Кон барањето пауза се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ, преку координаторот на пратеничката група, Никола Мицовски.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.