„Собранието на Република Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021“, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук.

Со ова, како што вели тој, им се излегува во пресрет на граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат документите.

Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство, пишува Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.