– Нити ќе ме исплашите, уште помалку ќе ме спречите да ја говорам вистината, кога сум чист и целосно одговорен пред целата јавност. Затоа сум секој ден пред граѓаните, со зборови кои тежат и со чист образ. Ајде сега да зборуваме за образите на Мицкоски и Јанушев: Редно е да каже дали се видел со Груевски, италијанскиот новинар и други луѓе од Словенија? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања, напиша портпаролот на СДСМ, Константин Костадинов на фејсбук.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот Фејсбук профил му реплицираше на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, кој претходно постираше коментар во врска со денешната прес конференција на Стоилковски.

„Ти ја разбирам паниката, ама не ти ги оправдувам мотивите.
Збориш за се друго само не за торбите пари и тоа е чисто штитење на криминал.
Твојот идол, крими Заев, има мотив и тој е јасен, човекот од петни жили се труди да не се дознае адресата каде завршува таа торба со пари.
Ама ти имаш уште еден и тој очигледно е личен, па затоа ајде одговори: од што точно се плашиш за вака да конструираш?
Каква е твојата блискост со Боки Тредичи и зошто беше член на неговата невладина? Што точно крие телефонот на Боки?
Ја знаеш народната, “Уценет човек, жив ѓавол”, пак ли да те учам народни поговорки?

П.С. Ќе го напишев ова и на ѕидот на Костадинов, но тој очигледно како и Крими Заев блеска со цензура па блокира коментари. Чиста демонстрација на демократскиот капацитет“-напиша Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.