Од денес градовите со мнозинско албанско население ќе имаат албански началници на полицијата, кои ќе внимаваат на безбедноста и јавниот ред, најави вчера заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

Нухиу ги објави градовите каде што се извршени назначувањата. Станува збор за Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар, Скопје (дел од Карпош) и Скопје (дел од Чаир/Бутел). За Гостивар е назначен Басри Весели.

Нашата посветеност останува целосно почитување на правната и институционалната рамка без исклучок, напиша Нухиу на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.