Бети Русеска е охридската „Мира Дизел“, тврди порталот „Охрид скај“, наведувајќи дека по доаѓањето на власт на СДСМ, таа била назначена за претседател на второстепена комисија во Владата, без положен правосуден испит.

Во само еден месец, таа ги вдомила и двата сина во државни служби, едниот во МВР, а другиот во Царина.

По катастрофалните резултати на партијата на изборите, Русеска пред делегатите на Централниот одбор на СДСМ изјавила и дека не може да дозволи повторно да биде во опозиција.

Претседателе, другари и другарки, јас партијата ја сакам повеќе од татко ми и од мајка ми, повеќе од мојата фамилија. Не можам да дозволам пак да бидам 10 години во опозиција, рекла таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.