Црнила донесоа и во економијата, па сега лажат дека ова било робинхудовски простап – ќе земеле од богатите за да им дадат на сиромашните, а притоа не кажуваат дека ќе ги оданочат земјоделците, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од платото пред Владата на третиот протестен марш организиран во Скопје.

Мицкоски посочи дека според „Транспаренси интернешнл“ Македонија е падната за 50 места или на 112. место на индексот на корупција што нè сместува некаде со Танзанија и Етиопија.

Ќе речат во Европа нè носеле, не е Европа, Африка ја донесоа во Македонија. Ете тоа направија од европска Македонија – африканска Македонија според степенот на корупција.

Мицкоски се осврна и на изневерените ветувања на пензонерите.

Им ветуваа зголемени пензии, а ни тие што треба да ги добиваат, не ги добиваат колку што треба. Црнила из а пензионерите. Па уште сакаат и работниот век да го продолжат.

Мицкоски вети дека на првата владина седница кога ќе дојдат на власт ќе ги укинат даноците и ќе ги зголемат пензиите.

Прават финфирана дебата за уставните измени, не ја почитуваа вољата на граѓаните изразена на референдумот.

Нема кој да каже НЕ, затоа што канат експерти кои му аплаудираат и го тапкаат по рамото.

Од тоа, Зоране Заев, немаш фајде ти, а ни граѓаните, тоа е лажно тапкање, ја губиме државата, Македонија си оди во неповрат. Доста ги слушаш тие што те тапкаат, те лажат. Ќе ја изгубиме дрѓавата и ќе нема кој да не оправи. Затоа престани, доста е!

Мицкоски рече дека и власта ветувала владеење на правото, а наместо тоа назначува лиски луѓе на високи позиции во правосудството.

За директор на Академијата за судии и јавни обвинители ја именува Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер, долгогодишен дипломат од редовите на СДСМ, советник на Заев и човекот кој го води телото кое преговара со Грција за нашата историја, археологија и образование. Ќерката, пак, е државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, номинирана од СДСМ, а мајката во Советот на град Скопје како кадар на СДСМ. Партија – дипломатија – судство, така ли ќе го реформирате судството?

Мицкоски потсети дека Лорета георгиева е избрана за член на Судскиот совет.

Избрана е зашто е сопруга на човекот кој е приватно близок со Зоран Заев. Оној Судски совет кој треба да ја оценува работата на судиите. Затоа им е битно, зашто после ќе нема кој да им го отвори евро за евро и случајот „Глобал“. Сите ќе молчат и ќе му се подведуваат на монархот Зоран Заев. Такво судство не ни треба.

Мицкоски рече дека се подготвува воскреснување закој за СЈО, кој никој не го видел, никој не знае што ќе содржи.

Ќе приготват монархистички закон за да можат да го осудат секој кој е им се спротивстави да го пратат во притвор, во затвор. Не сме против правдата, туку против злоупотреба на инситуциите, на правото и правдината. Ние сме за нова независна обвинителска инсистуција, која ќе биде уставна, а не како оваа неуставна. Којашто ќе го истражи целокупниот криминал од минатите влади, но и од оваа влада, и овој скандал со прислушувањето на судиите и обвинителите. Црниот Вотергејт на Заев и на Спасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.