Демократскиот сојуз на Власите со соопштение ја информира јавноста дека коалицијата во која партиципира е стабилна, владиното мнозинство е стабилно и затоа нема да ја напушти коалицијата.

Оваа Владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел. Демократскиот сојуз на Власите и понатаму останува дел од оваа коалиција затоа што препознавме вредности со кои Република Македонија продолжува напред по демократскиот и европскиот пат, велат од Демократскиот сојуз.

И Партијата на пензионерите е задоволна од работата на владината коалиција, така што останува да ѝ дава сесрдна поддршка.

Партијата на пензионерите, како партиципиент во владината коалиција „Најдоброто за мојата општина“, во која влеговме со цел да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, останува на зацртаните програмски определби и цели што произлегуваат од интерните одлуки на Партијата и постигнатиот договор за коалицирање со партиципиентите во владината коалиција предводена од СДСМ.

И партијата на Самка Ибраимовски, ПЦЕР, денеска објави дека останува во коалицијата предводена од Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.