Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на работната посета на Париз, денеска се сретнаа со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Франција и Македонија ги имаат поставено европските перспективи на заедничка патека, создавајќи основа за изградба на постабилна, поефикасна и побезбедна Европа. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.

Османи додава дека „засилената економска и севкупна билатерална соработка, како и НАТО сојузништвото се дополнителни одредници за кои сме упатени едни кон други да соработуваме и да се поддржуваме“.

Предвидено е Османи и Маричиќ во Париз да остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.