Даден е налог за претрес кај три физички лица кои се опфатени по проширувањето на истрагта за „Рекет“ за Меѓународниот сојуз Скопје, изјави вечерва Обвинителката Вилма Рускоска пред Кривичниот суд.

Рускоска рече дека за едно лице (Јасна Мандиќ) е побаран притвор, а за останатите само мерки на претпазливост.

Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. За осомничената Јасна Мандиќ побарав судија на претходна постапка да и одреди притвор, изјави обвинителката Вилма Рускоска.

Таа изјави дека ОЈО поседува доволно докази за сите осомничени.

Рускоска истакна дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа не дошло. Обвинителката истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во аферата “Рекет”.

Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет“ ќе побараме продолжување на мерката притвор, рече Рускоска.

За останатите тројца денеска осомничени, ОЈО ќе побара поблаги мерки како одземање пасош, пријавување во суд и ненапуштање на живеалиште.

Рускоска кажа дека парите биле пуштени во промет и затоа ќе има обвинение за перење пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.