Средствата за годинешниот „Фестивал на пити и вино“ во Велес да се пренаменат за санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини, како и за обезбедување на нова опрема за пожарникарите, предложува градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

По катастрофалниот пожар одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи фестивалот на велешки пити и вино и средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме пред се кон санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини и обезбедување на професионална лична заштитна према за пожарникарите со цел да бидат поефикасни во гаснењето на пожарите, вели Коцевски.

Како што вели тој, очекува овој предлог да биде подджан и од останатиет членови на Советот на општината како и мнозинството граѓани на Велес, а како замена за фестивалот најавува дека ќе се организира поефтина алтернативна манифестација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.