Судските ферии завршуваат за СЈО среде огромниот скандал. Утре ќе им биде првото појавување во судница, таму ќе дојде обвинителкта Лиле Стефанова, надлежната за случајот Империја со Орце Камчев, но утре во Титаник ќе го гони поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за милионските уплати на партиска сметка во изборни цели, објави Телма.

На листата обвинети е Никола Груевски, Јанкуловска, Протуѓер, пратеникот Илија Димовски. Но обвинет е и Миле Јанакиески кој доколку полицијата повторно погреши и отиде да го зема од Шутка од каде е пуштен во домашен притвор во петокот, може да предизвика ново одложување на предметот.

Стефанова по првото застапување на СЈО пред суд, ден потоа ја чека втора обврска во друго обвинителство, за организиран криминал и корупција каде ќе треба да сведочи што се случувало со нејзиниот предмте Империја, кој бил под контрола и на Катица Јанева и заврши со снимката на милион евра во торба.

Специјалната обвинителка во оставка уште не е повикана, иако и тоа треба да се случи. Вчера Јанева како свое алиби за контактите со осомничениот Орце Камчев и сега притворениот Боки 13- тврди дека со Камчев преку посредник договарала тој да биде сведок-соработник во нов случај на СЈО. Обвинителството не открива кога, но тврди дека и Јанева ќе дојде на ред за исказ.

Писмен одговор од Јавен обвинител Љупчо Јовевски:

Успешно водење на истрагата не овозможи обвинителството однапред јавно да ги соопшти планираните дејствија, но истрагата нема да заврши со сослушување само на Стефанова, туку и на други од СЈО и сите други инволвирани во тоа дело и евентуално инволвирани во други случаи актуелни во јавноста. Познато е дека сослушавме други лица за овие случаи.

Но главното прашање е каде се парите, милион и пол евра дадени на две рати, од кои милионот го видовме на италијанските бомби. На тоа прашање надлежните немаат одговор.

Покрај истрагата се води и финасиско истражување, се проверуваат бази на податоци со имот, банкарски сметки, па дури и банкарски сефови кои се поврзани со притворените.

За сомнителни трансакции е надлежна и Управата за финансиско разузнавање, а вчерашните снимки открија дека управата барала итен притвор за Камчев поради тоа што негови блиски ваделе пари и може да избега, но Боки 13-ка тврди дека жената мислејќи на Јанева нема да го дозволи тоа сценарио.

(извадок од аудио снимка)

Б.Ј: Веднаш да се пристапи кон притвор, сите овие сомнителни…. Безобразен. Од УФР.

О.К. Што е тоа УФР. Не знам што е. Првпат слушам.

Б.Ј. Финансиско разузнавање.

О.К. А па таму е некој Блажо од Струмица. На Заев човекот. Така? А што сомнителна му е трансакцијата, што ги вадиме.

Б.Ј. Не

О.К. Па што.

Б.Ј. Немаш ти сомнителни трансакции.

О.К. е па што опасност (од бегство,н.з.)

Б.Ј. Опасност. И она сега ќе искочи со предлог.

О.К. Ммм.

Б.Ј. Со предлог ќе искочи дека нема никаква опасност.

О.К. Добро, добро. (крај на извадок)

Досега се објавени три италијански бомби, на една има и видео со парите, додека на три аудио снимки се слушаат гласови на уапсените Бојан Јовановски и Зоран Милески, како и Камчев и Јанева преку телефон. Во неколку наврати Боки 13ка го спомнува и премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.