Владата вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

-Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид, соопшти владината прес-служба.

Како што информираа претходно од Владата 99. проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.