Папата Франциско во Скопје на 7 мај ќе го пречека претседателот Ѓорге Иванов, иако на 5 мај завршува вториот круг на претседателски избори и државата би требало да има избрано нов претседател на државата, објави „Фактор“.

„Папата пристигнува во Македонија на 7 мај, додека претседателот Иванов ќе работи во својот кабинет до 12 мај, кога е последниот негов работен ден. Иако вториот круг од претседателските избори е на 5 мај, тој останува во својот кабинет до 12 мај, кога треба да се изврши примопредавањето на функцијата. Тоа значи дека претседателот Иванов ќе го пречека гостинот – велат од кабинетот на шефот на државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.